Во октомври уште еден јавен повик за ИПАРД

Од:

Идниот месец ќе биде објавен јавен повик за доставување барања за користење финансиски средства од ИПАРД Програма за периодот 2007-2013 година, најави Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Финансиските средства се наменети за мерките 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности.

Според Агенцијата, повикот ќе значи поголем обем на потенцијални корисници, можност за набавка на различна земјоделска механизација, вклучувајќи и трактори, како и зголемени финансиски лимити за крајните корисници на финансиската поддршка.

Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавувањето во дневните весници. Потребната документација за подготовка и поднесување барања, вклучително и упатствата за корисниците на ИПАРД средства, ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик. Подетални информации во врска со типовите инвестиции, критериумите за добивање финансиска поддршка, висината на поддршката по мерки, заинтресираните можат да ги добијат во Агенцијата, Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Информации за изготвување и доставување на барања, како и бесплатни практични совети за аплицирање, земјоделците можат да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Продолжен рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година