Полицајците ширум Хрватска денеска симболично напладне ја прекинаа својата работа и вклучија светлосни и звучни сигнали на службените возила за да им оддадат почит на настраданите колеги и изразија незадоволство поради малите казни за напаѓачите на припадниците на полицијата.
Иницијативата ја покрена Синдикатот на полицијата на Хрватска од каде велат дека стануваат се побројни напади врз колеги, непочитување на тешкиот и опасна полициска работа и сеопшта хајка на какво билопостапување од полицајци.
Тие изразуваат незадоволство од пресудите кон лица кои нападнале полцвииски службеници бидејќи не се примерни казните. Според нив, на денешниот протест се вклучиле над 70 отсто од полициските службебници.