Ирската влада ја зголеми прогнозата за растот на БДП-то во оваа година од 2,1 на 3 % а таков раст очекува и следната година.
Подобрувањето е резултат на порастот во извозот и потрошувачката на граѓаните, поттикната од зголемената вработеност, која е под просекот на ЕУ.
“Растот од три проценти е многу силен кога ќе ја погледнете стапката на раст во Европа. Има уште многу проблеми кои би можеле да ја забават економијата но доколку паметно ги решаваме, можеме да продолжиме со овој раст во наредните 10 години и да ги решиме сите проблеми кои Ирска ги има“ – изјави во четврток, министерот за финансии Михаел Нонан.
Силниот раст, ќе и овозможи на Ирска да ги намали мерките за штедење во буџетот за идната година и да рефинансира дел од кредитот, со што би биле заштедени билиони евра.