Озонските дупки над Антарктик престанаа да се шират, но научниците истакнуваат дека ќе биде потребна барем една деценија тие да се намалат.
Студијата на ОН зборува за тоа дека озонската обвивка, која е особено важна за планетава, бидејќи нејзината заштитна улога е незаменлива, започнала да се опоравува по повеќегодишното пропаѓање.
Пример за тоа е намалување на озонската дупка, која во 2006 година имаше големина од 30 милиони километри квадратни, а сега таа е намалена на 20 милиони километри квадратни.
-Меѓународните активности поврзани за заштита на озонската обвивка се од голема важност во борбата за зачувување на животната средина-рече секретарот на Светската метеоролошка организација, Мајкл Џеро.
Величината на озонските дупки зависи од климатските промени и температурата во највисоките делови на атмосферата.
Е. Г.