Додик: Не сум планирал отцепување на Република Српска од БиХ

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик ги негираше тврдењата дека за време на руската анексија на Крим, со поддршка на Москва, планирал да прогласи отцепување на српскиот ентитет од Босна и Херцеговина.

Ваквата изјава претставува реакција на тврдењето на Бодо Вебер од берлинскиот Совет за политика на демократизацијата, кој за Радио Слободна Европа рече дека Додик планирал да ја отцепи Република Српска од БиХ за што бил инфомиран „целиот западен дипломатски кор“, но дека од таквата намера го одвратил српскиот премиер Александар Вучиќ.

– Тој господин би требало да престане со лагите. Верувам дека господинот Вебер е добро инфомиран и дека сето она што го изрече претставува спин и подметнување, изјави Додик за белградскиот весник „Данас“.

Според Додик, ваквите обвинувања се „дел од хистеријата“ што се прави на Западот во врска со Русија и Кина.

– Реублика Српска има свој концепт и согласно проценките што ги имаме би можеле да тргнеме во тој правец (кон отцепување), но наша примарна цел е да ја зајакнеме автономијата на Република Српска и тоа е чиста приказна, нагласи Додик.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница