А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонските аеродроми наскоро дел од системот за глобална сателитска навигација

by А1он11/09/2014 - 15:43231
Share0

Можноста за воведување систем за сателитска навигација што ќе овозможи полетување и слетување на скопскиот и охридскиот аеродром во услови на магла, беше тема на денешниот семинар за развој на глобална сателитска технологија што го организира Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Добивај вести на вибер

За системот за сателитска навигација и можноста како нашите аеродроми да бидат вклучени во системот за глобална сателитска навигација на состанокот дебатираа преставници од Еуроконтрол, Европската комисија и Агенцијата за сателитска навигација при Европската унија, како и претставници на М-НАВ, ТАВ Македонија и авиокомпаниите кои оперираат во Македонија.

– Наша цел е да се вклучиме во европскиот сателитски систем и за тоа имаме целосна поддршка и како паневропска земја и како земја членка на Еуроконтрол. Практично на овој начин за неколку месеци треба да го започнеме процесот кој ќе значи осовременување на системот за контрола на летање и аеродромската инфраструктура во Македонија, изјави директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски на паузата на семинарот.

Тој нагласи дека во моментов се разгледува моделот на кој Македонија ќе може да аплицира и во разумен рок да добие насока за натамошна имплементација на системот.

– Станува збор за нова технологија која почна сериозно да се применува од пред една година и сметам дека ние се вклучуваме во право време, односно веднаш по дефинирањето на проблемот. Сега сме во првична фаза во која ќе се направат сите оперативни, технички и финансиски анализи и ќе се одредат неопходните човечки ресурси, рече Мојсоски.

Лук Титгат од Еуроконтрол посочи дека денешниот семинар го сметаат за особено значаен и додаде дека престојот во Скопје е пример за европската соработка за да се деблокира авионскиот транспорт секаде во Европа.

– Доаѓањето со авион во Скопје не беше секогаш лесно. Во минатото многу летови беа откажувани и имаше поплаки од многу патници. Затоа е неопходно да овозможиме патниците лесно и евтино да можат да ја посетуваат вашата земја. Подготвени сме да ги споделиме неопходните нови технологии и решението што го нуди глобалната сателитска технологија да биде достапно и кај вас, рече Титгат.

Тој истакна дека семинарот ќе претставува пример како може секаде во Европа да се воведе новиот систем.

tav

Би можело да ве интересира

Откажани 9 лета на скопскиот аеродром поради густата магла

Горан Наумовски02/01/2023 - 15:56

Анекс на Договорот со ТАВ, се активираат средствата за 99 проекти за 75 општини

Жарко Настоски23/12/2020 - 20:33

Со 35 милиони евра пренаменети од ТАВ, ќе се градат 99 инфраструктурни проекти

Жарко Настоски11/12/2020 - 18:09

Иванов го одликуваше со медал за заслуги извршниот директор на ТАВ, Сани Шенер

Кристијан Ландов04/02/2019 - 14:11

Најавена забрзана реализацијата на инвестициите од 35 милиони евра на ТАВ

Кристијан Ландов04/02/2019 - 14:04

„ТАВ Македонија“ за промената на името на аеродромот: Ќе постапиме како што вели Владата

Ана Ололовска07/02/2018 - 15:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен