Интензивно се расчистува депонијата во кумановската населба „Перо Чичо“

Од:

Екипи на општинските јавни претпријатија „Водовод“ и „Чистота и Зеленило“, како и екипи на ЈП МЖ Инфраструктура интензивно ја расчистуваат дивата депонија лоцирана во кумановската населба „Перо Чичо“.

Овие активности, соопштува секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска, се спроведуваат согласно потпишаниот Меморандум за соработка кој неодмна го потпишаа локалната самоуправа на Куманово и Јавно претпријатие МЖ Инфраструктура.

– Со Меморандумот утврдени се целите, задачите и одговорностите на двете страни во врска со реконструкција на железничката пруга, делница Куманово –Бељаковце од Коридорот 8, со цел поефикасно и побезбено имплементирање на проектот на подрачјето на општина Куманово, вели Алексовска.

Првата задача која моментално ја извршува општината, додава Алексовска е расчистување на депонијата во населбата каде за една недела собрани се 700 метри кубни смет и градежен шут.

Комуналниот редар од општинската комунална инспекција Гордан Таневски информира дека моментално се работи на потегот на месната заедница „Ѓорче Петров“ во должина од двесте метри каде се очекува да се соберат над 1.200 метри кубни смет и шут, кој потоа ќе се депонира на „Краста“.

Од општината нагласија дека откако ќе се исчисти депонијата заради непреченото одвивање на градежните активности во населбата „Перо Чичо“, ќе биде поставен и видео надзор. На овој начин, нагласуваат од општина Куманово, ќе се спречи несовесното однесување на граѓаните кои во оваа населба со години фрлаат комунален смет, но и градежен шут иако општната годишно спроведува две акции за расчистување на оваа дива депонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манојловска: Се редат скандали во Куманово – фирми на роднини добиваат тендери од Димитриевски

Голем пожар крај Куманово: Изгореа куќа, сандаци за пчели и ниви со насади

Горан Наумовски

Од менувачница го следеа до дома, го удрија, па го ограбија – кривична за двајца кумановци

А1он

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски