Австриецот Јоханес Хан нов комесар за проширување

Од:

Австрискиот политичар Јоханес Хан, кој досега ја извршуваше функцијата еврокомесар за регионални прашања, идните пет години ќе биде комесар за проширување, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Предмалку, Европската комисија го објави составот на новиот Колеџ на комесари што ќе го предводи Жан-Клод Јункер, каде Австриецот Хан е именуван за наследник на Штефан Филе и во наредните пет години ќе биде “еврокомесар за соседска политика и преговори за проширување”.

Во секој момент, Јункер во Брисел треба да ја започне прес-конференцијата на која ќе го претстави ликот на новата Еврокомисија и ќе ги соопшти нивните приоритети. Сепак, она што е најважно за Република Македонија како земја-кандидат за членство во Европската унија е тоа што комесарското место за проширување ќе постои и во наредните пет години и покрај најавите за негово укинување.

Словенката Аленка Братушек ќе биде комесарка за Енергетска унија, Хрватот Невен Мимица за Меѓународна соработка и развој, додека Гркот Аврамопулос ќе ја извршува комесарската функција за Миграција и домашни работи.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна