Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека Босна и Херцговина е рамка која ја загрозува РС и оти Република Српска никому не би пречела како самостојна држава.
– Република Српска никому не би пречела како самостојна држава и не би била нарушувачки фактор. Идејата за РС како држава никогаш не била изгубена, беше малку притаена, а сега тоа целосно го рехабилитиравме и го ставивме на дневен ред, изјави Додик.
Во изјавата за бањалучкото Нес радио, Додик рече дека е убеден дека РС ќе биде независна и оти би сакал да биде човекот кој ќе го предводи тој процес.
– Република, која нема меѓународен статус на држава, која е дел од БиХ, оспорувана од таа иста БиХ и еден дел од странците, не можеше да направи повеќе за економскиот развој. Најголемиот успех е во тоа што во изминатите осум години останавме на нозе и покрај сите предизвици, истакна Додик.