Високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства престојува во Тирана, каде во тек се средби со претставнци на албански институции.
Првата средба ја имала со албанскиот претседател Бујар Нишани, на која, според соопштението од неговиот кабинет станало збор за правата на Албанците во Македонија и јужниот дел на Србија.
Според Нишани, како што стои во соопштението, целосното спроведување на Охридскиот договор е единствена алтернатива за хармоничниот сожиот. Тoј при тоа го нагласил големото значење на државотворност кој го има албанскиот фактор во Македонија. Задржувајќи се на правата на Албанците во јужниот дел на Србија (Прешевската долина) Нишани потенцирал дека „спроведувањето на седумте точки од владата во јужниот дел на Србија е приоритет и неопходност кое треба да биде придружено со многу поголеми инвестиции и економски развој за оваа зона“.
Тој го нагласил и големото значење од реципрочното признавње на дипломите меѓу Албанија и Србија, што ќе овозможело поголема вработеност на Албанците од јужниот дел на Србија што студираат во Албанија Во соопштението нема ни збор дали е разговарано за Македонците и другите малцинства во Албанија.