Најмалку десет лица загинаа, а седум се повредени, откако џамија се урна во Лахор, еден од најголемите градови во Пакистан.
Портпаролот на локалните служби за вонредни состојби соопшти дека покривот на џамијата се урнал, додека внатре се молеле 30 лица. Во моментот спасувачките тимови ги расчистуваат урнатините.
Според портпаролот причината за инцидентот се уште не е позната.
Се претпоставува дека неодамнешните поројни дождови ја ослабеле конструкцијата на зградата. Жртвите во катастрофалните поплави достигнаа 231 лице.