ФОТО: Општина Струмица ја одбележа независноста на Република Македонија

Од:

Општина Струмица денеска го одбележа Oсми септември, денот кога пред 23 години беше прогласена независноста на Република Македонија. Пред споменикот на големиот македонски револуционер, Гоце Делчев, на истоимениот плоштад, претставници на локалната самоуправа, јавните институции, политички партии и здруженија, положија свежо цвеќе, а за значењето на овој голем историски ден за Македонија зборуваше претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.

OSMI SEPTEMVRI STRUMICA-3

-Денес е ден кога душите и срцата ни се исполнети со возбуда, љубов и гордост. Денес е ден кога рoдољубието го ставаме на пиедестал. Денес е ден за празнување, за славење, за кренати чела. Денес во зениците на нашите очи доминира црвено-жолтата боја, бојата на нашето постоење. Денес ја славиме татковината и нејзината самобитност. Денес славиме нешто заедничко, нешто што се вика Република Македонија.

– Тоа е земјата на нашите стремежи и копнежи, земјата на нашите подеми и падови, земјата на нашите победи и порази, радувања и разочарувања, земјата на нашето вчера, нашето денес и нашето утре. Тоа е земјата на нашите прадедовци, дедовци и татковци, тоа е земјата на нашите деца, внуци и правнуци, тоа е нашата Македонија.

OSMI SEPTEMVRI STRUMICA-2

– И токму за таа наша земја, собрани сме овде на пригоден начин да го одбележиме денот на нејзината независност. Веќе 23 години, Република Македонија живее еден нов живот со сите нишани на една суверена и самостојна држава.

– Свртувајќи поглед низ ова 23-годишно постоење, ќе ги видиме резултатите на нашето предолго транзициско опстојување, резултатите од подемите и падовите на внатрешен, политички, економски и надворешен план. Свртувајќи поглед низ ова 23-годишно постоење, ќе ги видиме резултатите на нашето предолго транзициско опстојување, време е да свртиме нова страница. Време е да учиме од грешките од минатото и сегашноста за да го создадеме вистинскиот пат, кој ќе не води и на нас и земјава кон иднината што сите ја посакуваме, рече Христов.

OSMI SEPTEMVRI STRUMICA-4

Во рамките на  празнувањето што го организираше општина Струмица, настапија и членовите на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“.

 

Би можело да ве интересира

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

Горан Наумовски

Струмичкото комунално претпријатие со 16 анализи тврди дека водата за пиење е исправна

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење