Утер Ин е пловечки хотел во Шведска, кој од брегот е оддалечен еден километар. Овој необичен хотел кој оплови по езерото Маларан во Вастерас во Шведска, го проектираше уметникот Микал Генберг.
Иако на прв поглед се чини дека се работи за обична куќичка која плови, во нејзината внатрешност е сосема поинаку.
Навистина не мислам дека ова искуство е споредливо со кое било друго кое можете да го имате во животот. Многу луѓе се воодушевени од сместувањето и од она што можат тука да го доживеат. Тоа е нешто како обратен аквариум во кој рибите ги гледаат гостите затворени во кутија. Мислам дека тоа е прекрасно искуство, нагласи Генберг.
По добиените упатства, гостите практично се препуштени сами на себе. Можат да пливаат во вода, со бротче да го истражуваат брегот, а посебност е тоа што лежејќи во кревет може да се набљудуваат рибите.
Доколку се одлучите за ова незаборавно искуство, ноќевањето ќе ве чини 1.750 американски долари.