Празничен Охридски атлетски маратон

Од:

По повод Денот на независноста на Република Македонија денеска во Охрид по 28-ми пат ќе се одржи Охридскиот атлетски маратон, што традиционално се трча на патеката Свети Наум – Охрид во должина од 30 километри.

Стартот на трката е закажан за 9 часот од кај поранешната караула кај граничниот премин „Свети Наум“, додека првите маратонци на целта на градскиот кеј во Охрид се очекува да пристигнат по 10:30 часот.

Најавено е учество на квалитетни тркачи, меѓу кои и минатогодишниот победник Лајош Берец од Унгарија и рекордерката на патеката србинката Ана Суботиќ.

Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се одржуваше непрекинато 18 години се до 1993 година. После прекинот потворно се одржува секоја година од 2004 наваму, а поради големата заинтересираност од општински и републички Охридскиот маратон доби меѓународен карактер.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари