Хамилтон ја покори легендарната Монца

Од:

Поранешниот шампион, Британецот Луис Хамилтон попладнево на патеката „Монца“ триумфираше пред својот тимски колега Нико Розберг.

Тој успеа да слави на италијанското гран-при, оставајќи го зад себе разочарувањето по минатата трка, кога поради директниот судир со Розберг остана без бодови, решавајќи ги дури и неочекуваните проблеми со кои се соочи на самиот старт на трката.

Лидерот во генералниот пласман попушти под притисокот и направи наивна грешка кон средината на трката, овозможувајќи му на Хамилтон да го мине на патеката, по што за разлика од претходните трки овојпат изостана лута битка меѓу двата болиди на Мерцедес.

1. Луис Хамилтон
2. Нико Розберг
3. Фелипе Маса
4. Валтери Ботас
5. Даниел Рикардо
6. Себастијан Фетел
7. Кевин Магнусен
8. Серхио Перез
9. Џенсон Батон
10. Кими Раиконен

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он