Спахиу: Дел од албанската политика соработува со мaкедонските, српските и грчките мафиjашки групи

Од:

Крешник Спахиу, некогашниот челник на сеалбанското движење „Црвено Црно”, a кое во меѓувреме прерасна во политичка партија, во интервјуто за порталот „Алмакос” вели дека дел од севкупната албанска политика, соработува со мафиашките македонски, српски и грчки групи.

„Албанските политички лидери беа најсиромашни и ненајадени до пред 20 години, но во меѓувреме станаа милијардери, па  затоа на нијмалку не се заинтересирани за националните интереси, туку за перење пари и нечесни зделки”, вели Спахиу,  одговарајќи на прашањето зошто албанските политички елити не се координираат кога се во прашање некои сеалбански интереси на Балканот.

Коментирајќи ја последната акција на неговата партија за собирање факти со кои ќе се комплетира криминалното досие на Сали Бериша, Спахиу вели дека Албанците треба да на учатдека   секој ќе  сноси одговорност за сторениор криминал.

„Албанија треба да ја следи практитака со апсењето на Санадер, за да може да ги постави темелите на една нова држава и за да го увери западот дека е фактор на стабилноста”, изјавува Спахиу за порталот „Алмакос”.

Говорејќи за политичката состојба во Македонија, Спахиу вели дека Македонците се нафатиле со една аванатура во склопот на нивната политичка историја, и ако на време не ја сватат неа, тие ќе бидат одговорни за последиците и пред меѓународниот фактор.

Што се однесува до меѓуетничките односи и иднината на Македонија, Крешник Спахиу вели дека никој не може со силе да одржи еден брак, посебно кога сватовите се подолго време смрзнати и уште повеќе кога „двојката” се мрази меѓу себе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хаос во албанскиот парламент: масовна тепачка на пратениците

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Седум дена хаос во Тирана, молотови коктели, водени топови: Рама не преговара, ќе објави мерки

Катерина Ѓуровски

Полицијата употреби гумени куршуми и солзавец против демонстрантите во Тирана

(ВИДЕО) Хаос во Албанија. Демонстранти палат и кршат продавници, повеќе од 150 повредени

(ВИДЕО) Тирана e во пламен: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама

Горан Наумовски