СЗО: Вакцина против ебола во ноември

Од:

Вакцината против ебола ќе биде достапна во ноември за медицинските лица кои се на удар на таа болест, соопшти СЗО. Тие наведуваат дека во тек се тестирања за два вида вакцини.

– Доколку се покаже безбедна, вакцината би можела да биде достапна во ноември 2014 година приоритетно за медицинските работници кои се грижат за заболени од ебола, се вели во соопштение од СЗО.

Во Западна Африка досега од ебола животот го загубија повеќе од 2.000 лица, и околу 4.000 се заразени во три држави – Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија. Во билансот на жртви не се вклучени Нигерија и Сенегал во кои исто така има заболени од ебола, како ни во ДР Конго.

СЗО во соопштението додава дека основа кризен центар за ебола, со цел да се спречи пренесување на болеста во загрозените држави во следните шест месеци.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски