ВИДЕО: Од понеделник стартува меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Од:

Од понеделник, осми септември, Струмица по дваесет и втори пат ќе биде собиралиште на актерите од домашната и меѓународната театарска сцена за престижната награда која се доделува во чест на бардот на македонското глумиште, „Ристо Шишков“.

Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ за отворен ќе го прогласи градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, а честа први да ја отворат театарската сцена им припадна на актерите од театарот Шабац, Србија, со претставата „Ќелавата пеачка“ на Ежен Јоанеско, а во режија на Никита Миливојевиќ.

katalog 2014 ra korekcija_Page_03

Во петте фестивалски денови ќе бидат изведени десет претстави од шест држави, а за единствената награда за високи актерски достигнувања ќе се натпреваруваат околу шеесетина актери. Традиционално, наградата се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, а за нејзиниот добитник ќе одлучува жири комисија чиј претседател е минатогодишниот лауерат Нико Горшиќ од Словенија.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија