Најмалку 35 лица загинаa во монсунските дождови во Пакистан

Од:

Најмалку 35 лица загинаа, а 28 се повредени од уривање на покриви од куќи во Пакистан, земјата која е зафатена од обилни монсунски дождови, соопштија денеска официјални претставници.

Повеќето од настраданите се од најбогатата и најнаселена пакистанска провинција Пенџаб, а само 13 се настрадани во главниот град на провинцијата Лахоре, пренесоа француските медиуми.

-Во последните 24 часа во провинцијата Пенџаб во различни инциденти со куќите погинаа најмалку 25 лица, изјави портпаролот на спасувачката служба Џем Саџад.

Според него, меѓу погинатите има жени и деца, а повредени се 28 лица.

Генералниот директор на спасувачката служба во Пенџаб, Ризван Насер, ја потврди бројката на настрадани и наведе дека повредените се сместени во болниците.

-Во делот на Кашмир, што е под контрола на Пакистан, погинаа 10 лица, додека четири се повредени, изјави директорот на Агенцијата за итни ситауции Акрам Сохаил.

Пакистанската Хидрометеоролошка служба најави нови врнежи во претстојните 72 часа и можно излевање на реките.

Во последните четири години Пакистан редовно е зафаќан од обилни монсунски дождови, а во 2013 година во поплавите што ги предизвикаа монсунските дождови погинаа 178 лица, а околу 1,5 милион беа загрозени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица