Поранешната партнерка на Оланд напиша книга за распадот на врската

Од:

Поранешната прва дама на Франција, Валери Трирвелер, денеска ќе објави книга за својот престој во Елисејската палата и распадот на врската со претседателот Франсоа Оланд.

Француските медиуми предвидуваат дека книгата која што Трирвелер ја напишала во тајност, „ќе ја потресе“ Елисејската палата. Станува збор за вистинска книжевна бомба, која што не ја забележале елисејските надзорни системи, а која што според оние кој ја прочитале е погубна за шефот на државата, пренесе „Фигаро“.

-Се што напишав е вистина. Во Елисејската палата понекогаш чувстував како да правам репортажа. Премногу лаги преживеав и затоа нема да лажам- стои во воведот на книгата. Таа во книгата која во најголема тајност е печатена во Германија, раскажува како дознала за тајната врска помеѓу Оланд и актерката Жили Геје.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски