Фустан тежок 13 килограми, а вреден 5.670.000 долари е прикажан на модната ревија во Киев.
Според лондонски „Телеграф“, фустанот е дело на британската модна дизајнерка Деби Вингам, која на фустанот „зашила“ 50 двокаратни црни дијаманти.
И додека многумина воодушевено го фалеа нејзиното дело, останатите жалеа што толку дијаманти биле упропастени напразно, затоа што фустанот, таков каков што е, нема никогаш да биде облечен.