Чешки свештеник, кој работел за тајната полиција, добил функција во нунцијатурата во Берлин

Од:

Поранешниот генерален секретар на католичката Чешка бискупска конференција (ЧБК), Карел Симандл кој пред десет години поднесе оставка на функцијата поради докажана соработка со поранешната Комунистичка државна безбедност (СТБ) дејствува како дипломат во Ватиканската нунцијатура во Берлин.

Според информациите објавени во чешките медиуми, директорот на Меморијалниот музеј на жртвите на комунистичката диктатура, Хубертус Кнабе ја повикал Црквата да го повлече Симандл од функцијата, јави дописникот на МИА од Прага.

Според признанието на Симандл, тој, откако не му било дозволено да студира на чешкиот Богословски факултет „Св.Кирил и Методиј” во 1975 година, подлегнал на понудата на тајната полиција за соработка и отпатувал во странство.

Подоцна, како што самиот изјавил, од Рим каде студирал го известил тогашниот министер за внатрешни работи дека ја прекинува соработката, иако архивските материјали објавени во медиумите покажуваат дека соработката на чешкиот свештеник со СТБ траела до 1989 година.

Неговата задача била да предава тајни скици и планови на разни места во Ватикан, како и информации за епископите од поранешната Источна Германија.

Во Чешка се вратил во 1995 година, каде осум години подоцна поднесе оставка на функцијата Генерален секретар на ЧБК, откако неговото име беше објавено на списокот на соработници на поранешната чешка комунистичка тајна служба.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ