Центар ги санираше последиците од обилниот дожд

Од:

Надлежните во општина Центар синоќа излегоа на терен за да ја увидат и санираат состојбата предизвикана од силниот пороен дожд кој паѓаше во попладневните часови во Скопје.

Кујната во О.У. Гоце Делчев беше поплавена поради градската канализација која не може целосно да ја апсорбира водата од околните улици.

Службите на општина Центар до полноќ ја испумпаа водата од кујната, а денеска повторно се врши дезинфекција и кујната ќе биде оспособена за работа.

Исцрпена е водата и санирана е состојбата во ОУ Ј.Х. Песталоци и во градинката кај Универзална Сала.

Подруми и подземни гаражи беа наполнети со вода, но по пријави од граѓаните, службите од општина Центар пристапија кон чистење.

Општина Центар е подготвена да се справи со проблемите доколку се повторат обилните врнежи и поплавите.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски