Оланд и Камерон го осудија убиството на американски новинар од ИД

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд и британскиот премиер Дејвид Камерон го осудија убиството на уште еден американски новинар од страна на екстремистичката група Исламска држава. Оланд изрази згрозеност од варварскиот акт, нагласуваќи дека тоа ја открива подлата природа на групата Исламска држава.

Според Оланд џихадистичкото движење знае само за терор. Камерон изјави дека Исламската држава нема никаква религија и дека претставува закана за Сиријците, Ирачаните, Американците и Британците, како и дека не прави разлика меѓу муслимани, христијани или какви било други религии.

Екстремистичката група Исламска држава претходно објави видео снимка на која се гледа како маскирани припадници на организацијата отсекуваат глава на втор американски новинар, заробен во Сирија, соопшти денеска приватаната група СИТЕ, што ги следи терористичките активности. Според СИТЕ на снмката се наоѓа 31-годишен Стивен Сотлоф.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер