Тестенини! Шпагети, шпагетони, ригатони, фетучини…
Италијанците направија цела наука за пастата. Ја делат по машки и женски род, дебелина, правилна и неправилна форма… Некоја паста е уникатна за определен регион и не е широко позната. Некоја паста пак има различно име на различен јазик, а понекогаш дури и различно име на ист јазик. Постојано се измислуваат и прават нови форми на паста во фабриките низ светот. Се измислуваат други имиња и облици понекогаш и заради маркетинг.
Италијанските тестенини често завршуваат во машки род множина -> -ини,-елли,-илли,-еттиили женски род множина -> -ине,-елле.
Сигурно сте забележале некогаш кога сте готвеле тестенини дека сосот не се лепи убаво на нив, паѓа долу во чинијата. Тоа е исто така дел од италијанската енциклопедија за пастата.
Во Венеција има многу продавници во кои се продаваат тестенини во најразлични облици, форми, бои и вкусови.
Ако сакате да подготвите свежа паста, се што ви треба се 1 шолја брашно и 1 јајце. Откако ќе го направите тестото, може да обликувате тестенини по ваша желба.
Секоја паста си има сос со кој треба да се приготвува.
– Долги тестенини: (најмногу се употребуваат со ретки сосови)
Spaghettoni, шпагетони – дебели шпагети
Spaghetti, шпагети – најпознати тестенини во светот со средна дебелина
Spaghettini, шпагетини – тенки шпагети
Bucatini, букатини – дебели цевчести шпагети
Fusillilunghi, фусили лунги – многу долги тестенини, како телефонска жица
Fusillibucatini, фусили букати – долги вртени тестенини
– Тестенини во лента: (идеални се за ретки сосови)
Fettuccine, фетучини – паста со должина од 6,5 мм
Lasagne, лазањи – широки тестенини
Lasagnette, лазањети – потесни лазањи
Linguine, лингвини – рамни шпагети
Mafaldine, мафалдини – долги тестенини во лента со благи свртувања на краевите
Pappradelle, папрадели – дебели и рамни тестенини
Tagliatelle, таљатели – потенки тестенини од фетучините
– Кратки тестенини: (идеални се за густи сосови)
Digitalini, диталини – кратки тестенини во облик на цевка
Gomito, гомито – закривени цевчести тестенини
Fusilli, фусили – спирални тестенини
Garganelli, гарганели – тестенини со јајца во облик на коцка, свртени како цевка
Maccheroncelli, мачерончели – празни тестенини во обил на молив
Manicotti, маникоти – големи тестенини за полнење со рецки
Penne, пене – тестенини со средна големина и рецки, дијагонално засечени на краевите
Rigatoni, ригатони – големи и благо закривени цевчести тестенини
Spirali, спирали – спирални цевчести тестенини
– Декоративни тестенини:
Campanelle, кампанели – рамни тестенини како камбани, со набрани рабови на краевитеConchiglie, кончилии – тестенини во облик на школка
Conchiglioni, кончилиони – големи тестенини во облик на школка, погодни за полнење
Farfalle, фарфали – тестенини во облик на машна или пеперутка
Fiori, фиори – тестенини во облик на цвет
Orecchiette, оричиети – тестенини во облик на мали уши
Rotelle, ротеле – тестенини во облик на тркало
Rotini, ротини – спирални тестенини со две или три вртења
Strozzapreti, строцарпрети – рустично вртени тестенини
Trofie, трофи – тенки вртени тестенини
– Тестенини за минута: (најчесто се користи како додаток во супа наместо ориз или фиде)
Анцинидипепе–тестенини како монистра
Anelli, анели – прстенести тестенини
Couscous, кус-кус – најпозната во Северна Африка и Европа, тестенини како лебни трошки
Fregula, фрегула – паста од Сардинија, како монистра
Orzo (Risoni), орзо – тестенини во облик на ориз
– Тестенини за полнење:
Agnolotti, агнолоти – полукружни џебови. Се полнат со рикота сирење, микс од пасирани зеленчуци, сирење и месо.
Cannelloni, канелони – дебели цевчести тестенини. Се полнат со различен фил и се печат.
Ravioli, равиоли – тестенини во облик на коцка со димензии 3×3 погодни за полнење со сирење, мелено месо.
Tortellini,тортелини – полнети тестенини во облик на прстен. Се полнат со месо или сирење.
– Тестенини со неправилни форми:
Gnocchi, њоки – вид тестенини обично со тркалезен облик, направени од брашно и компир
Passatelli, пасатели – паста од лебни трошки, јајца, пармезан и морско оревче. Најчесто се прави како додаток за супа. Потекнува од Северна Франција.