Во Мала Речица средба на Ахмети со Рајхел, претставник на германската Влада

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во партиското седиште во тетовска Мала Речица се сретна со Ернст Рајхел, претставник на германската Влада за Западен Балкан.

– На денешната средба го поздравив самитот во Берлин организиран од Владата на Германија, како и активностите на МНР на оваа земја и канцеларката Ангела Меркел за нивниот интерес за регионот на Западен Балкан. Ние сме охрабрени од оваа активност на Германија која има за цел нашата земја и регионот што е можно побрзо да станат дел од обединета Европа. Разговаравме и за меѓуетничките односи како многу значајно прашање за мир, стабилност и сигурност во нашата земја. Ние интензивно работиме за унапредување на овие односи, но и особено унапредување на меѓусебните односи помеѓу двете најголеми заедници на Албанците и Македонците, како една од основите од кои зависи иднината во нашата земја. Разговаравме и за реформите во судството, независноста на медиумите и слободата на говорот, рече Ахмети.

Посета на Рајхел доаѓа само неколку денови по конференцијата што се одржа минатиот четврток во Берлин, посветена токму за Западниот Балкан.

– На толку голема конференција не може интензивно да се разговара само за вашата земја и затоа дојдов тука. Во моите разговори и во Скопје и во Тетово опфативме три значајни теми – меѓуетничките односи, приближување на вашата земја кон ЕУ и односите во земјата за ова прашање, како и прашањето за името. И во Скопје и во Тетово имавме искрени и интензивни разговори на овие теми кои се одвиваа во пријателски дух што е една од карактеристиките на нашата надворешна политика, изјави Рајхел.

Ахмети, одговарајќи за состојбите по одбивањето на ДПА да се врати во Парламентот, рече дека местото на ДПА е во Парламентот и оти е потребно што е можно побргу тие да се вратат во институциите на системот каде треба да се дебатира за сите проблеми. Тој не го коментираше одбивањето на Тачи за помирување, само напомена дека за кој било проблем треба да се седне и да се разговара.

Околу можноста за зачленување на Македонија во НАТО на следниот самит, Ахмети нагласи дека тоа останува висок приоритет за ДУИ како придобивка за мирот, стабилноста и економскиот раст на државата и отиа ДУИ продолжува да работи овој значаен момент да се случи што е можно поскоро. Меѓутоа, според Ахмети, на следниот самит на НАТО приоритет ќе бидат состојбите во Украина и други светски прашања.

– За Македонија нема потреба од организирање на нов самит на НАТО бидејќи Македонија има отворена покана за зачленување што зависи од случувањата помеѓу нас и Грција околу прашањето за името. Ние треба што побрзо заеднички да работиме со меѓународната заедница за решавање на овој проблем и Германија има значајна улога во помирувањето помеѓу нас и Грција, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Ахмети да не се крие во Швајцарија, да дојде да каже за планот за враќање на Груевски

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалозни изјави на Таравари за заробување на државата со политички конструкции

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски