Туроператори од Америка и Европа во посета на Трескавец

Од:

Повеќе од 25 туроператори од Северна Америка и Западна Европа членки на Асоцијацијата за авантуристички  туризам, заедно со шест новинари од популарни  странски медиумски куќи денеска го посетија манастирскиот комплекс „Трескавец“.

Се запознаа со црковниот храм од 18. век посветен на успение на Пресвета Богородица и ја разгледаа живописната околина која изобилува со терени за полетување на параглајдеристи, но и со љубителите на болдерингот.

Групата од 25 туроператори во Македонија престојуваат неколку дена со посредство на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и Центарот за развој на Пелагонискиот регион.

Нивниот престој во нашите краишта освен дегустацијата на локална храна и специјалитети, вклучува и интеракција  со локалната култура и традиција,  како и откривање на туристички терени за авантуристички спортови.

Во манастирскиот комплекс туроператорите ги пречека и градоначалникот на Општина Прилеп  Марјан Ристески и духовникот во манастирот Трескавец  отецот Калист.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски