Могерини: Ако не се реши прашањето за името, Македонија може да има и внатрешни проблеми

Од:

Министерката за надворешни работи на Италија и нова Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, денеска во Европскиот парламент предупреди доколку набрзо не се реши наметнатиот спор за името со Грција, дека е можно нарушување на внатрешната состојба во Република Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Могерини, која пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот настапи во својство на претседавач со Советот на Унијата, исто така посочи дека е потребно да се вложи поголем напор со цел да се реши деценискиот спор меѓу Македонија и Грција.

– Треба поголем напор, не само во контактите со Македонија, туку и со другите држави. Треба да се обидеме да го решиме тоа прашање и работите да тргнат напред оти и внатрешната ситуација во земјата може да отиде во непосакуван правец ако прашањето за името не се реши и работите не се променат, истакна Могерини која по именувањето за наследник на Кетрин Ештон (позицијата ќе ја преземе откако ќе се состави целиот Колеџ на комесари, најверојатно на 1. ноември), постојано ја ословува нашата земја со навредливиот акроним „ФИРОМ”.

Иако посочи дека проширувањето е на агендата на Италијанското претседателство со ЕУ кое ќе трае до крајот на годината, Могерини повтори дека се очекува решение на спорот за името со Грција, со цел Македонија да напредува во евроинтеграциите.

Инаку, како што е познато, Македонија е земја-кандидат за членство во Унијата веќе девет години, а пет години по ред добива позитивни препораки од Европската комисија за почеток на пристапните преговори. Поради грчкото вето на Европскиот совет, Македонија не може да ги почне преговорите.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска