Заев: Снимката ми ја даде лично Ден Дончев

Од:

Лидерот на СДСМ Зоран Заев во судот кажа дека снимката за продажба на Македонска банка му ја дал лично Ден Дончев, чиј глас исто се слуша на снимениот материјал.

Заев го праша премиерот Никола Груевски кој е прв генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ по неговото стапување во партијата при што Груевски одговоори дека тоа е Ден Дончев и дека тоа е јавна информација.

Заев праша до кога Ден Дончев бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, но судијката не дозволи да се постави прашањето иако Заев како причина за прашањето ја посочи снимката која не е прифатена како доказ, а на неа се слушаат гласовите на Ден Дончев, тужителот и Газда Нини.

Груевски негира дека е неговиот глас на снимката.

-Аудио снимката и посмените докази ги добив од Ден Дончев кој во моментот на договарање на продажбата на Македонска банка беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Информациите ги добив 10 дена пред нивното објавување во јавноста.

Заев рече дека доколку има потреба Ден Дончев е подготвен да сведочи пред судот. Како што рече Заев добиените информации ги објавил по консултација со експерти кои ја потврдиле автентичноста на снимката, а истото било потврдено и од вештак од Србија.

-Во ниеден момент намерата не беше нанесување штета по угледот и честа, туку исполнување на законските обврски како граѓанин и претседател на најголемата опозициска партија како коректив на власта, рече Заев.

На прашање на адвокатот на премиерот, Никола Додевски, Заев одговори дека до ден денес останува на основаното сомнение дека Груевски сторил кривично дело за поткуп и примање на кеш.

„Не чувствувам никаква потреба да се извинам. Тоа го чинам само во случаи кога мислам дека сум погрешил“, рече Заев.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев