Бан изрази загриженост поради израелскиот план за експропријација на палестинска територија

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост поради планот на Израел за експропријација на 400 хектари палестинска територија во близина на Витлеем на јужниот дел на Западниот брег, соопшти синоќа неговиот портпарол.

Израел таквиот планот го најви во недела, а армијата соопшти дека тоа е поради политичка одлука донесена откако во јуни беа киднапирани и убиени три израелски тинејџери.

– Генералниот секретар е алармиран поради вчерашната најава на израелските власти дека ќе прогласат за државна територија речиси 100 парцели во близина на Витлеем на Западниот брег, изјави портпаролот.

Според Бан заземањето таков дел од земјата ризикува да отори пат за понатамошно ширење на еврејските населби, што е нелегално според меѓународното право и целосно во спротивност со целот за решение со две држави.

Портпаролот истакна дека генералниот секретар го повикал Израел да ги почитува повицит ена меѓународната заедница и да се воздржи од ширње на насилствата и да ги почитува своите обврски врз основа на меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски