Во печките на фабриката „Југохром Фероалојс“ во тетовско Јегуновце, денеска беа уништени вкупно 997 стебла „канабис сатива“, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
– Уништените вкупно 997 стебла, на 12-ти, 18-ти и 23-ти август биле пронајдени на три различни локации во тетовско.Во атарот на Селце полициски службеници на СВР Тетово пронашле и искорнале 22 стебла, во Фалише 160 стебла и во месноста „Ѓусијал“ во близина на Требошкиот канал 815 стебла, изјави Јосифовски.
Според него, уништувањето на стеблата го организирала и го следела четиричлена Комисија и менаџментот на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Тетово а присуствувале и претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.