Во Пакистан судири меѓу демонстрантите и полицијата пред резиденцијата на премиерот

Од:

Голема група демонстранти се приближија денеска до домот на прмеиерот на Пакистан, Наваз Шариф во централниот дел на Исламабад, каде се судрија со полицијата, која одговори со солзавец.

Иако привремено употребуваше солзавец, полицијата се повлекуваше и покажуваше воздржаност, додека демонстрантите, од кои многумина носеа дрвени палки, се приближуваа до официјалната резиденција на Шариф, иако не е познато дали премиерот е во својот дом.

И покрај силниот дожд, групата демонстранти се обидоа да го пробијат полицискиот кордон на патот до домот на премиерот и фрлаа со камења врз полицијата во центарот на Исламабад, барајќи оставка на Шариф.

Демонстрантите ги предводи Имран Кан, кој беше познат спортист пред влегувањето во политиката и свештеникот Тахир ул Кадри.

Шариф, кој минатата година стана премиер во првата пакистанска демократска транзиција на власта, одби да поднесе оставка и најави дека ќе се обрати пред пратениците во двата дома на Парламентот со цел да покаже дека „цврсто ја држи контролата во земјата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица