Македонија дел од понудата на најпознатите светски тур-оператори за активен туризам

Од:

Претставници на 15 најголеми тур-оператори од Северноамериканскиот континент и Западна Европа што нудат пакети за т.н. авантуристички или активни форми на туризам, заедно со новинарски екипи на најпознатите светски медиуми специјализирани за туристички патувања, денеска пристигнаа во Охрид во рамки на проектот осмислен за да се запознаат со потенцијалите што Република Македонија ги поседува како дестинација што нуди форми за активен туризам.

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Крстијан Џамбазовски кој ги пречека гостите кои со велосипеди пристигнаа преку граничниот премин кај „Свети Наум“, појасни дека се работи за дел од интензивните активности што ги презема Владата и Агенцијата за популаризирање на Македонија како туристичка дестинација.

– Преку проект што го реализираме во соработка со УСАИД во Македонија ќе престојуваат триесеттина претставници од Асоцијацијата за активен туризам, како и екипи на специјализирани медиумски куќи што разработуваат туристички дестинации. Она што е важно е што најголемите тур-оператори што работат со активен туризам на пазарите во САД и Западна Европа, веќе се решени да ја стават Македонија на својата понуда како атрактивна дестинација за тој вид туристички патувања, изјави Џамбазовски.

Крис Дојл, извршен директор за Европа на Меѓународната засоцијација за активен туризам, истакна дека ваквите активности се преземаат како осмислена форми за промоција на т.н. авантуристички туризам во најразлични дестинации низ целиот свет.

Зборувајќи за авантуристичкиот туризам, Дојл истакна дека истиот е конципиран врз три различни компоненти, првата насочена кон физички активности во рамки на одморот како параглајдерство, велосипедизам, трчање, пливање, кајакарење, сплаварење, втората како начин за запознавање со културата на земјите и поднебјето што се посетува преку учење за историјата, културното наследство, запознавање со локалното население со традициите.

– Третиот компонента е запознавање со природните убавини и посебности на регионот што се посетува, се она што би можело да биде интересно за туристите како атракција. Кога сите три коцепти ќе ги составите заедно, го добивате производот активен туризам, рече Дојл.

Тој нагласи дека таквите форми на туристички аранжмани гледано од економски аспект, носат повеќе заработувачка по турист отколку вообичените форми на туризам, оттаму што секој турист што решил да посети една земја за ваков вид патување ќе престојува повеќе денови, што само по себе значи повеќе средства издвоени за трошење.

Во рамки на експедицијата „Недела на авантури“ во Република Македонија се наоѓаат и екипи на најпознатите медиуми и специјализирани списанија што се занимаваат со тој вид туризам како National Geographic Traveler, Lonely Planet и Yahoo Travel.

– Од мојот неодамнешен престој тука можам да истакнам дека Македонија е одлична дестинација со напредни услови за активен туризам. Властите тука имаат концепт за успешно реализирање на плановите за промовирање на авантуристичкиот туризам на големиот северноамерикански и западноевропаски пазар, а верувајте дека преку нашето присуство тука за македонската туристичка понуда наскоро ќе се слушне многу пошироко од регионални рамки, истакна Дојл.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ