Нови смртни закани упатени кон словенечкиот премиер Јанез Јанша овој пат преку социјалната мрежа Facebook.
На страната „ЈакаЈакаЈака“ беше објавена порака дека Јанша мора итно да биде отстранет од словенечката политичка сцена, бидејќи тој само му нанесува штета на словенечкиот народ.
На истата страница беше објавено и „смрт за Јанез Иван Јанша, словенечко глувче и уништувач на словенечкото помирување“.
Оваа смртна закана е последна во серијата слични пораки упатени кон Јанша, откако на почетокот на годината ја презеде функцијата премиер на Словенија.