Прослава на Голема Богородица во Велес

Од:

Со утринска богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, Агатангел, почна прославата на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Православните верници денеска масовно ја посетуваат градската црква и палат свеќи за здравје.

„Успение на Пресвета Богородица“ или позната како Влашката црква, почнале да ја градат Власите во 1882 година, а целосно била готова во 1905 година. На завршните работи работела тајфата на прочуениот мајстор Дамјан, синот на познатиот градител на цркви од 19 век, Андреја Дамјанов. Црквата последен пат е целосно реновирана од 2009 до 2011 година.

По повод празникот, синоќа се одржа и вечерна богослужба.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон