Средба на министерот Адеми со полскиот амбасадор Мултановски

Од:

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми остварил средба со амбасадорот на Република Полска во Македонија, Јацек Мултановски, на која  ја нагласиле важноста на Спогодбата за соработка во областа на науката и високото образование, која во септември минатата година ја потпишаа двете ресорни министерства, соопшти Министерството.

– Спогодбата предвидува интензивна соработка помеѓу високообразовните и научните установи во двете земји преку размена на студенти, докторанти, научни работници и академски наставници, а значајна придобивка е и продолжувањето и интензивирањето на активностите за популаризација на изучувањето јазици, како и поддршката на истражувањата за историјата, јазикот, културата и уметноста на двете држави, информира МОН.

Адеми и Мултановски изразиле подготвеност за иницирање нови билатерални проекти и активности во образованието и науката, со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји која, како што наведува МОН,  во духот на традиционалните пријателски односи се реализира повеќе децении.

Би можело да ве интересира

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа