Неколку бесплатни тајни: Рио де Жанеиро

Од:

Раскошен, шарен, страсен, брз и полн со тајни – Рио де Жанеиро, без сомнение еден од највозбудливите градови во светот. Еве некои совети за тоа како да го запознаете подобро без притоа да потрошите многу пари.

Најубава и најевтина туристичка авантура е националниот парк Тужика. На повеќе од 10 илјади километри квадратни се простираат урбаните бели дробови, парче од рајот исшарано со бројни патеки за пешачење. Одвојте барем еден ден да уживате во овој природен резерват. Искачете се на врвот од некој од околните ридови и уживајте во зајдисонцето. Само така ќе сфатите зошто Рио го нарекуваат магичен град.

Една од најпознатите плажи во Рио е „Ипанема“, но не значи дека треба сите часови додека има сонце да ги потрошите само на неа. Впуштете се и во откривање на помалку познатите плажи – богатства каква што е „Арпоадор“ или „Праиа Вермелха“ попозната и под името црвена плажа.

Градската ботаничка градина им е многу интересна на туристите и не треба да се пропушти како и преубавиот парк „Parque Lage“ во кој можете да влезете бесплатно. Ќе бидете воодушевени од скромно припитомената дивина, бројните дрвени мостови и вегетацијата на која можат да подзавидат националните паркови и резервати од целиот свет.

Рио и „самбата“ секогаш одат рака под рака, па не пропуштајте ја шансата да уживате во овие заразни ритми. Воопшто не е неопходно да издвоите пари за специјалните клубови каде што има голема забава. Најдобрата „самба“ се случува на улица.

Посетете го плоштадот „Pedra do Sal“ и опуштете се. На ова место доаѓаат многу често млади луѓе кои сакаат музика и танц, а и инструктори од околните училиште за самба, па ќе си добиете и бесплатни часови за почетници.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ