Сино-бела бајка, митскиот остров во Егејското море, одамна изгубената Атлантида… Санторини ги воодушевува сите кои ќе му се препуштат на неговата магија.
Патување
Да, Санторини има аеродром, но интересна опција е ако патувате до Атина и од таму да продолжите со ферибот. Зошто? Ќе имате шанса да ги разбистрите мислите, да го почувствувате морскиот воздух и да уживате во погледот на многуте островчиња на хоризонтот.
Интересно потекло
Санторини некогаш бил активен вулкан. Меѓутоа пред илјада години една ерупција била толку катастрофална што уништила значаен дел од грчката цивилизација. Токму од оваа ерупција настанале малите острови Палеа Камени и Неа Камени, кои вредат да се видат.
Теразија
Посетете го ова мало островче кое некогаш било дел од Санторини, но насилната ерупција го одвоила. Денеска тука живеат околу стотина луѓе и претставува рај во водите на Егејското море.
Култура и кујна
Задолжително препуштете се на грчката култура која на островите како Санторини била доведена до хедонистички врв. Немојте да ги пропуштите локалните вина, бројните салати и секако се што доаѓа од морето. Распрашајте се на време и организирајте го вашето патување во текот на август кога се организираат фестивали на вино и храна.
Зајдисонце
Одвојте еден час секој ден само за да уживате во последните зраци на сонцето. Особено набљудувајте од западната страна на островот, поради тоа што овие задјисонца се едни од најспектакуларните на светот.