Холандија до крајот на јануари идната година ќе ги повлече своите противбалистички ракетни системи „Патриот“ од Турција.
По две ракетни батери од системот „Патриот“ во Турција испратија и Германија и САД како одговор на минатогодишното барања на Турција за помош во одбраната од напади од соседна Сирија.
Холандските власти соопштија дека не можат да го продолжат ангажманот во Турција и го известија НАТО за повлекувањето.