Меркел: Приклучувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ зависи од брзината на реформите

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека сите земји од регионот на Западен Балкан имаат европска перспектива, но нивното приклучување кон ЕУ ќе зависи од тоа колку брзо ќе ги применат клучните реформи.

Меркел ова го кажа во интервју за политичкиот аналитичар Корнелиу Адебар пред конференцијата за Западен Балкан, која германската Влада ќе ја организира в четврток во Берлин.

Канцеларот изјави дека германската Влада одлучила да организира собир на највисоко ниво, поканувајќи ги премиерите и министрите за надворешни работи и економија на земјите од Западен Балкан, за да ја одбележи стогодишнината од почетокот на Првата светска војна.

„Мислевме за начинот на кој ќе ја одбележиме стогодишнината, за едноставно да не гледаме кон минатото, туку да погледнеме напред кон иднината. Владата има идеја да ги поканиме сите земји од регионот и да им покажеме дека конфликтите се во минатото и дека и покрај сите разлики единството е во неговото срце. Верувам дека европските перспективи на сите овие земји тоа го направија можно“, изјави Меркел во видео материјалот, објавен на сајтот на германската Влада.

– Тоа значи дека сите земји од Западен Балкан имаат шанса да се приклучат кон ЕУ и дека тоа е целта кон која сите тие се стремат, подвлече таа.

„Ние се уште ги помниме ужасните војни и оваа конференција ќе се оддржи за да покаже дека одиме напред, дека ги надминавме конфликтите и дека е тоа добар знак. Ние на сите земји од Западен Балкан им ветуваме членство во ЕУ и стоиме цврсто зад тоа ветување“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски