Почнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“

Од:

Во организација на општина Крива Паланка од денеска до 27 август ќе се одржи јубилејното, десетто, издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.

На годинашната програма годинава ќе настапат културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Романија, Словачка, Црна Гора, Србија, Бугарија и Македонија.

Фестивалот започнува во 20 часот, а во истиот термин започнуваат и сите фестивалски вечери. Настапите ќе се одржат на плоштадот „ВМРО“ во центарот на Крива Паланка. Пред почетокот на официјалната програма, во 18 часот е закажано свечено дефиле на сите учесници кое ќе започне од улицата „8 Септемри“ во населбата Осичка Маала. Дефилеа се предвидени и за останатите две фестивалски вечери, со различни појдовни локации за да можат гостите – учесници да се запознаат со градот, а пак кривопаланчани да уживаат во мелосот и колоритните носии на фолклористите од разни земји и култури.

Фестивалот се одржува од 2005 година по повод големите христијански празници Успение на Пресвета Богородица и Свети Јоаким Осоговски, кој е светец-закрилник на Крива Паланка и патрон-празник на градот.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ