Околу 170 илегални имигранти се водат за исчезнати при вчерашното потонување на чамец во близина на брегот на Либија.
Чамецот потонал во Средоземно Море на 60 километри од Триполи.
Спаувачките екипи вчера успеале да спасат 16 луѓе, а од морето извадиле 15 тела.
Според либиската крајбрежна стража чамецот со 200 Сомалијци и Еритрејци патувал кон Италија.