Третото издание на Кривопаланечкиот рок-фестивал „Џојфест“ ќе се одржи вечерва на плоштадот „Карпошово востание“, со почеток во 20 часот.
Фестивалот ја промовира македоноската музика, на „Џојфест 2104“ ќе настапат македонските рок-состави Суперхикс, „Нокаут, „Purpple Zepplin“, „The Prothagonist“ и „Skyrice“, а водител на фестивалот е познатиот актер Гораст Цветковски.
Според најавите на организацискиот одбор , сите подготовки се веќе завршени.
– Се е подготвено, главната сцена е монтирана, озвучувањето sе поставува и очекуваме бендовите да пристигнат. Тонскатите проби се закажани од 15 до 18 часот, а официјалниот почеток на фестивалот е во 20 часот, информираше програмскиот директор на „Џојфест“, Александар Михајловски.
Михајловски најави одлична седумчасовна забава со македонските изведувачи.
– „Нокаут“ ќе настапат со двочасовна програма, „Суперхикс“ исто така, а останатите бендови ќе музицираат по час и половина, што значи добрата забава за посетителите е загаранитрана, рече Михајловски.
Организаторите ги повикаа сите љубители на рок-музиката од земјава да присуствуваат на „Џојфест“.
– Ги покануваме сите од соседните градови и регионот да бидат дел од годинашното издание на рок-спектаклот во Крива Паланка. На Кривопаланчани им порачуваме да излезат без автомобили поради тоа што дел од главната улица ќе биде затворен за сообраќај, а слободните паркинг места да им ги отстапиме на туристите и гостите, со што ќе бидеме добри домаќини, како секогаш, нагласи Михајловски.
Рок-фестивалот „Џојфест“ се одржува од 2012 година со поддршка од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка и истиот прерасна во традиција на градот.