Откриени двајца авганистански, осум пакистански и седум сомалиски илегални мигранти

Од:

Полицијата на автобуската постојка кај село Смоквица, откри две патнички возила, од кои едното возило го напуштило местото на настанот, а од извршената контрола во другото возило “фолксваген транспортер“, управувано од Ј.А. (27) од Струмица, затекнати се Ќ.Д. (28) од Струмица и уште двајца авганистански мигранти. Покрај возилото, пак, на самото место пронајдени се уште 15 странци (осум пакистански и седум сомалиски државјани), сите со илегален влез и престој во Република Македонија.

Лицата се приведени во ПС за ГН „Богородица“, а од извршениот разговор со Ј.А. и Ќ.Д. е дознаено дека на 13.09. околу 23,00 часот заедно со лицето И.А. (25) од Струмица, и со уште едно патничко возило пристигнале на паркингот кај село Прдејци, каде во возилото се качиле двајца авганистански државјани, додека останатите мигранти требало да ги земат на паркингот кај село Смоквица.

По документирање на случајот, од страна на РЦ за гранични работи “Југ“ против Ј.А., Ќ.Д. и И.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело – “криумчарење на мигранти“, а истражен судија на тројцата пријавени им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица