Епидемија на жолтица и во Скопје

Од:

Надлежните здравствени институции прогласија епидемија на жолтица и во Скопје.

Изминатиот период биле регистрирани 66 случаи, од кои најголем број 21 се на територијата на општина Шуто Оризари, во Карпош 8, Чаир 6, Центар 7, Кисела Вода 5, Гази Баба 3, Аеродром 9, Илинден – 2, Ѓорче Петров 3, Бутел- 2 случаи. По извршените епидемиолошки анкети, констатирано е дека за краток временски период, односно во изминатите 10-ина дена е пријавен 21 случај, при што во четири семејства има заболено по два члена (во две семејства од општина Шуто Оризари, едно семејство од општина Карпош и едно семејство од општина Аеродром), а во едно семејство од општина Шуто Оризари има заболено три члена. Другите случаи се епидемиолошки неповрзани.

Според надлежните, постои можност зголемениот број на лица заболени од заразна жолтица да се должи на интензивните дождови, собирање на атмосферската вода и делумно излевање на канализационата мрежа во општините каде се појавени повеќето случаи. Но, независно од местото на живеење, зголемениот број случаи може да се должи и на недоволно оддржување на лична хигиена (не доволно миење раце) и несоодветно миење на свежоовошје и зеленчук пред конзумација. Од заболените 23 се на возраст од 3-14 години, 19 се од 16-25 години а исто толку и на возраст од 29-40 години. 5 случаи има и на возраст од 48-55 години.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош