Нови позитивни мерки на ФЗОМ

Од:

Од 1 септември оваа година ќе се проширува фондот на лекови кои што Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги дозволува на дежурните служби да ги издаваат за сите осигуреници, ќе се ревидира одлуката за дежурствата на аптеките во Македонија и ќе се рефундираат лековите од рецепт на позитивната листа купени од странство, се трите нови мерки на ФЗОМ кои денеска на прес-конференција ги презентираше директорката Маја Парнарџиева-Змејкова.

– Од први септември овозможуваме, наместо досега 46. генерики на лекови кои што  дежурните служби можеле да ги препишуваат се зголемува на 50 генерики, бидејќи се воведоа дополнително антибиотици и антивиротици по барање и на матичните лекари и на докторите од јавно здравствоза да се згрижат пациентите со итна неопходна медицинска потреба. Педестте генерици претставуваат 142 лека со заштитено име кои што нашиот осигуреник навечер може да ги добие препишани од страна на дежурен лекар и да ги подигне од дежурните аптеки, истакна Парнарџиева-Змејкова.

Потсети дека во 50 генерики има терапии за желудник, стомачни тегоби, срцеви заболувања, вирусни инфекции, бактериски инфекции, реума, болка, покачена телесна температура, седативи, лекови за респираторни заболувања и лекови за алергија.

– Втората новина за ревидирање на дежурствата на аптеките за која преку анкетите утврдивме критериум дека секој град со број на жители над 50.000 жители да има задолжително аптека која што ќе дежура навечер. Тоа значи дека во Македонија од 1 септемвр па натаму 11. најголеми градови ќе имаат постојано аптека на располагање во ноќните часови. за потребите на пациентите. Во останатите градови ќе има дежурства меѓутоа не со отворена аптека туку со аптека на повик, нагласи, Парнарџиева-Змејкова.

Појасни дека дежурствата ќе ги организира Фармацевтската комора односно аптеките во тоа подрачје за секој град, а Фондот преку подрачните служби и преку податоците за издадените рецепти ќе ја следат состојбата.

– Од воведувањето на позитивната листа, новината, осигурениците да можат да ги купуваат лековите на рецепт не само со дефинираната јачина што се наоѓа на позитивната листа туку за сите можни јачини на тој лек, наидовме на проблем за рефундирање на лекови купени од странство. Имајќи предвид дека правото на осигурениците е да ги добијат сите лекови што се на позитивна листа па дури доколку тие не се наоѓаат во промет во Република Македонија односно не се регистрирани ние направивме интервенција на нашата регулатива која во моментот е на одобрување во Министерството за здравство, рече Парнарџиева-Змејкова.

Додаде дека по стапување на новата регулатива  сите предмети ќе бидат решени позитивно од страна на Фондот за сите лекови што се купени во странство без разлика на нивната јачина или дали лекот воопшто е регистриран или е во промет во Македонија.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

За Ковачевски, директорката на ФЗО била добар избор затоа што решила хакерски напад за само 14 дена

A1on