Четворица Палестинци загинаа во израелски воздушни напади во Појасот Газа

Од:

Четири лица загинаа денеска при два израелски воздушни напади во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

– Двајца Палестинци загинаа при воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Хусерјат, во централниот дел на Појасот Газа. Други двајца се убиени во градот Деир ал Балах, изјави портпаролот на палестинските служби за итна помош, Ашраф ал Кудра.

Тројца команданти на вооруженото крило на Хамас вчера беа убиени во израелски напад.

Повеќе од 2.080 Палестинци загинаа од почетокот на израелската офанзива против движењето Хамас, кое го контролира Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски