Американската мисионерка Нанси Рајтбол денеска ја напушти болницата во Атланта, каде беше лекувана од ебола, соопшти христијанската мисионерка на организацијата СИМ.
Претходно беше соопштено дека од болница е пуштен и Кент Брантли, американскиот лекар, кој се зарази од ебола додека ги лекуваше заболените во Либерија.
– Резултатите од испитувањата кај двајцата пациенти покажуваат дека немаат ебола и најверојатно се целосно излекувани, изјави д-р Брус Рубнар, началник на Одделението за инфективни болести во болницата во Атланта.