Нови 200 лица заболени од ебола?

Од:

Околу 200 лица за кои постои сомнеж дека заболеле од ебола, се изолирани на север во Сијера Леоне, соопштија вчера од Светската агенција за храна при ОН.

– Сите нови случаи се откриени оваа недела во градот Лунар во округот Порт Локо – рече Глен Мајерс, претставник на агенцијата и додаде дека загрижува големиот број на нови случаи на заболени.

Според Светската здравствена организација од ебола до сега починале 1.229 лица, а само во последните три дена дури 84, што укажува на тоа дека болеста и покрај меѓународната мобилизација бргу се шири.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски