Саудиска Арабија ги отвори првите судови, кои ќе решаваат дела, поврзани со семејни спорови.
Судовите, специјализирани за семејни прашања, се наоѓат во Ријад, Мека, Џеда, Медина и Дамам. Во нив ќе работат судии, кои поминале специјална обука, за да судат во случаи на развод, старателство или исплаќање алиментација.
Новите судови се прв чекор од судска реформа во Саудиска Арабија, што предвидува создавање специјализирани судови, кои ќе го направат судскиот систем на монархијата побрз и потранспарентен.
Судскиот систем беше објавен од кралот Абдула во 2007, но на него се спротивставија конзервативците во монархијата, кои бараат правните прашања да останат под контрола на духовните лидери.